• сабота, 14 декември 2024

Маѓар: Со месеци сум прислушуван

Маѓар: Со месеци сум прислушуван

Будимпешта, 11 ноември 2024 (МИА) – Лидерот на унгарската опозицја, Петер Маѓар вчера ја обвини Владата на премиерот Виктор Орбан дека систематски и незаконски го шпионирала него, неговите вработени и седиштето на неговата партија ТИСА.

- Разузнавачите кои и служат на својата земја, а не на мафијашката влада, ми се доверија дека мојот стан, нашите канцеларии и нашите автомобили се прислушувани со месеци, истакна Маѓар, кој е и член на Европскиот парламент.

Тој побара од министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер да испрати експерти за да ги отстранат уредите за прислушување и да разјаснат кој наредил и го одобрил нелегалното следење.

Маѓар во февруари ја напушти партијата Фидес на Орбан. Тој е поранешен сопруг на министерката за правда Џудит Варга. Маѓар ја формираше партија ТИСА, која на европските избори во јуни освои речиси 30 отсто од гласовите. Во последните анкети, партијата на Маѓар првпат е пред владејачката партија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан