• понеделник, 23 декември 2024

Матеус: Елиминацијата на Баерн во Лигата на шампионите е удар за германскиот фудбал

Матеус: Елиминацијата на Баерн во Лигата на шампионите е удар за германскиот фудбал
Минхен, 13 април 2022 (МИА) - Поранешниот играч за врска на Баерн, Лотар Матеус, поразот на минхенскиот тим од Виљареал (0:1, 1:1) во двата меча од четвртфиналетофиналето на Лигата на шампионите, го оцени како силен удар за германскиот фудбал. - Елиминацијата на Баерн од Лигата на шампионите му штети на германскиот фудбал. Виљареал не е противникот од кој можеш да бидеш исфрлен. Сепак, Баерн не прикажува добра игра во последните недели, па ова и не е толку големо изненадување. Нивната игра не беше насочена, тимот не понуди решенија, изјави Матеус, за „Sky Sport Deutschland“. Според екс играчот од средниот ред, атмосферата во Баерн е лоша. - Не се работи само за фудбалот, има многу, многу се зборува наоколу. Трансфер сагата околу Левандовски повторно стана тема на разговор. Речиси не сум видел таков хаос во Баерн во последните години, додаде Матеус. Во полуфиналето од Лигата на шампионите, Виљареал ќе се соочи со победникот од пресметката помеѓу Ливерпул и Бенфика. зс/

Остани поврзан