• четврток, 18 декември 2025

Матарела: Европските аспирации на земјите што се приближуваат кон Унијата повеќе од дваесет години мора да бидат поддржани

Матарела: Европските аспирации на земјите што се приближуваат кон Унијата повеќе од дваесет години мора да бидат поддржани

11 јули 2025

Ла Стампа

„Слободната трговија е подадена рака кон другите народи. А, Европската унија, која е во центарот на трговската мрежа што ги поврзува различните делови на светот, претставува модел на соработка што треба да се земе како „пример“ насекаде.“

Ова е извадок од изјавата на италијанскиот претседател Серџо Матарела во Хрватска во рамките на државната посета што се одржа на 7 јули.

Матарела веќе беше во Загреб во 2015 година, во една од неговите први претседателски посети. Во тој период Хрватска неодамна се приклучи на ЕУ, а другите балкански земји беа желни да го следат истиот пат. Но и покрај тоа, десет години подоцна, е постигнат мал напредок. А, одложувањата во процесот на пристапување ризикуваат да предизвикаат разочараност во оние кои веруваа во него. Шефот на државата не ја прикри одредената загриженост за тоа.

„Европските аспирации на земјите што се приближуваат кон Унијата повеќе од дваесет години мора да бидат поддржани“, истакна тој за време на официјалниот ручек во резиденцијата на хрватскиот претседател Милановиќ. Матарела додаде: „Народите на Балканот имаат право да живеат во рамка на мир, безбедност и стабилност, во која ќе можат да заздрават дури и фрактурите предизвикани во дваесеттиот век“. И во овој поглед, Италија и Хрватска даваат пример, постојано подобрувајќи ги меѓусебните односи, кои во минатото, нагласи Милановиќ, беа обележани со силен антагонизам. паг/

Остани поврзан