• понеделник, 23 декември 2024

Мас: Повлекувањето на САД од Авганистан ги нарушува мировните преговори

Мас: Повлекувањето на САД од Авганистан ги нарушува мировните преговори
Кабул, 18 ноември 2020 (МИА) - Прераното повлекување на американските трупи од Авганистан би можело да ги наруши разговорите меѓу официјален Кабул и талибанците, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, коментирајќи ја одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да врати дома 2.000 војници. - Многу е важно да не го загрозиме она што го постигнавме досега со избрзани потези, истакна Мас. Германската Влада е во контакт со Вашингтон и НАТО и размислува какви последици ќе остави повлекувањето на 2.000 американски војници врз 1.200 припадници на германската армија, кои се наоѓаат во Авганистан како дел од мисијата на НАТО. - Многу сме загрижени како ваквиот потег на САД ќе влијае врз мировните преговори во Авганистан, кои секако се доволно комплицирани и се далеку од реализација. Во оваа ситуација не ни се потребни дополнителни пречки, како што е прераното повлекување на Американците од Авганистан, заклучи Мас. гт/

Остани поврзан