• вторник, 11 март 2025

Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина

Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина

Њујорк, 11 март 2025 (МИА) - Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“.

Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“.

-Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. Работата на мрежата е обновена од денеска. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан