• понеделник, 23 декември 2024

Маск најави повторно отворање на суспендираните профили

Маск најави повторно отворање на суспендираните профили
Вашингтон, 25 ноември 2022 (МИА) – Елон Маск синоќа најави дека од следната недела повторно ќе ги отвори суспендираните профили на Твитер „под услов да не го прекршиле законот или праќале безвредни електронски пораки на срамен начин“. „Народот зборуваше, амнестијата почнува следната недела“, напиша Маск на Твитер додавајќи порака на латински јазик „Гласот на народот е гласот на боговите“ (Vox Populi, Vox Dei). Маск пред два дена објави анкета со прашањето „Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за затворени профили?, под услов корисниците да не го прекршиле законот и да не користат скандалозни „спам пораки“? Да/Не“. Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиони корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „за“ повторно активирање на затворените профили. ми/

Остани поврзан