• четврток, 26 март 2026

Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку

Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку

Вашингтон, 11 јуни 2025 (МИА) – Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“.

- Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку, наведе Маск на Икс.

Трамп и Маск минатата недела разменија навреди на социјалните мрежи, при што извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ законот за трошоците и даноците на претседателот го оцени како „одвратен“.

Маск подоцна избриша некои од своите објави во кои го критикува Трамп, вклучително и една во која се сугерираше дека тој поддржува отповикување на претседателот.

Извори блиски до Маск изјавија дека неговиот гнев почнал да се смирува и оти можеби се обидува да го поправи односот со претседателот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан