• понеделник, 23 декември 2024

Марушко: Спутник В е околу 83 проценти ефикасна против делта сојот

Марушко: Спутник В е околу 83 проценти ефикасна против делта сојот
Москва, 11 август 2021 (МИА) - Руската вакцина против Ковид-19, Спутник В е околу 83 отсто ефикасна против делта сојот, што е помал процент отколку што претходно се мислеше, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. Производителите на вакцини во јуни објавија дека Спутник В е околу 90 проценти ефикасен во однос на делта сојот. Мурашко, исто така, наведе дека ефикасноста на вакцината Спутник В надминува 95 отсто против тешкиот тек на болеста, за која е потребна хоспитализација, Александар Гинтсбург, директорот на Институтот Гамалеја, каде е развиена вакцината, истакна дека Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на корона вирусот. Според руските власти, зголемениот број во јуни и во јули на новозаболени се должи на делта сојот, како и неподготвеноста на населението да се имунизира и покрај широката достапност на вакцини. ми/

Остани поврзан