Марсијал би можел да ја продолжи кариерата во Севилја или Валенсија
- Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија.

Манчестер, 3 октомври 2022 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија.
Дваесет и шестгодишниот Французин е интересен за Севилја и Валенсија, објави „Мундо Депортиво“.
За потсетување, Антони Марсијал вториот дел од сезоната 2021/2022 го помина на позајмица во Севилја Сега клубот од Андалузија е подготвен да му понуди постојан договор на францускиот напаѓач.
Марсијал оваа сезона одигра два натпревара во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, постигнувајќи два гола и една асистенција.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на 26-годишниот играч на 16 милиони евра. зс/