• понеделник, 20 мај 2024

Марсело за именување за капитен на Реал: Тоа е остварување на сонот

Марсело за именување за капитен на Реал: Тоа е остварување на сонот
Мадрид, 10 јули 2021 (МИА) - Новиот капитен на Реал Мадрид, Марсело, ги сподели своите впечатоци по добивањето на капитенската лента. Триесет и тригодишниот Бразилец игра за клубот од Мадрид од 2007 година. -Голема чест и одговорност е да се биде капитен на најдобриот клуб во светот. Се чувствувам среќен. Секој ден се будам со голем ентузијазам едноставно затоа што разбирам дека сум во Реал Мадрид. И секоја сезона има се поголем ентузијазам. Се радувам на почетокот на сезоната. Секоја година учам сè повеќе и повеќе, секогаш има нешто ново. А, фактот дека сега сум капетан е остварување на сонот, изјави Марсело за „Марка“. Претходно капитен на Реал Мадрид беше дефанзивецот Серхио Рамос, кој го напушти тимот ова лето. Триесет и петгодишниот Рамос играше за клубот од 2005 година. зс/

Остани поврзан