• вторник, 24 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марота: Добро е што повеќето италијански клубови се во сопственост на странци

Марота: Добро е што повеќето италијански клубови се во сопственост на странци

 

Милано, 24 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на италијанскиот фудбалски гигант Интер, Џузепе Марота, оцени дека Серија А има среќа што повеќето од италијанските клубови се под странска сопственост.

„Денес, 12 од 20 клубови од Серија А се во странска сопственост, за среќа. Во спротивно, не знам каде би завршиле. Тоа, исто така, се рефлектира и на сите младински лиги“, изјави Марота.

Интер е во сопственост на американскиот Oaktree Capital Management.

„Не го препознаваат сите општественото значење што го претставува Интер. Имаме систем на тимови составен и од жени и од мажи, од кои сите имаат 700 регистрирани членови. Ние имаме општествена одговорност кон нив“, рече тој.

Покрај Интер, во странски раце се и Милан, Рома, Аталанта, Болоња, Парма, Венеција, Џенова … ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан