• четврток, 09 мај 2024

Мароко во 2023 запрело 75.184 мигранти кои се упатиле кон Европа

Мароко во 2023 запрело 75.184 мигранти кои се упатиле кон Европа

Рабат, 23 јануари 2024 (МИА) – Мароко запрело 75.184 илегални мигранти кои имале намера да заминат во Европа во 2023 година, што е повеќе од шест отсто во однос на 2022 година, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Мароко.

Мароканската морнарица спасила 16.818 луѓе на море во 2023 година, што е за 35 отсто зголемување во споредба со 2022 година, соопшти Министерството, истакнувајќи дека Мароко разбило 419 мрежи за криумчарење мигранти минатата година, што е за 44 отсто зголемување од претходната година.

Според Министерството за надворешни работи во Рабат, бројките покажуваат дека мароканската граница е заштитена. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан