• недела, 22 декември 2024

Мароканските фудбалери освоија историска бронза на Олимписките игри

Мароканските фудбалери освоија историска бронза на Олимписките игри

Париз, 8 август 2024 (МИА) - Мароканските фудбалери го совладаа Египет со 6:0 (2:0) и го освоија бронзениот медал на Олимписките игри. Ова е прв медал за Мароко во овој спорт, а само втор на Олимписките игри во Париз, по златото на атлетичарката Софијан Ел Бакали на 3.000 метри стиплчез.

Селекцијата на Египет, која вторпат се бори за бронза на Олимписките игри (изгуби во 1928 година од Италија со 11:3), не беше полош партнер во првиот дел, но Мароканците постигнаа два гола за три минути и го решија натпреварот.

Одличниот Абде Езалзуи го совлада голманот Хамза Але од работ на шеснаесетникот во 23. минута, а само три минути подоцна му асистираше на Софијан Рахими за седмиот гол на турнирот, што го прави убедливо најдобар стрелец.

Кога Ел Канус во 51. минута го постигна третиот гол за Мароканците, ривалот од Египет се предаде, Рахими во 64. со осмиот гол на ОИ и Накач во 73. минута ја разубавија забавата на навивачите на трибините.

Капитенот Ашраф Хакими постигна гол од слободен удар во 87. минута и така по полуфиналето на Светското првенство во Катар го доби бронзениот медал на Олимпијадата во Париз. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан