• недела, 22 декември 2024

Марк Хамил - „амбасадор“ на украинската армија дронови

Марк Хамил - „амбасадор“ на украинската армија дронови

Лос Анџелес, 10 октомври 2022 (МИА) - Марк Хамил се појави во „Шоуто на Мехди Хасан“ вчера, каде што зборуваше за тоа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал тој да помогне во одбраната на земјата од руската инвазија. Хамил притоа рече дека бил изненаден кога лидерот побарал разговор со него.

- Не сум навикнат да ме контактираат светските лидери. Знаете, јас сум дворски шегаџија. Јас сум несуштински работник. Се занимавам со ТВ, филмови и цртани, изјави Хамил. Нему, сепак му било чест да разговара со Зеленски. Хамил учествува во заложбите за собирање средства и за поддршка на Украина, конкретно за собирање пари за дронови за украинската војска. - Во основа, она што тие сакаат, е јас да станам тн. амбасадор, што е всушност прославен збор за претставник - за нивната армија беспилотни летала. Дроновите ги дефинираат резултатите од војната. Тие се од суштинско значење за Украина да ја заштити својата граница, граѓаните и тоа е она што се надевам дека луѓето ќе го направат, појасни глумецот. Хамил нагласи дека ова е слично како приказната за Давид против Голијат. - Знаете, сите очекуваа Украина веднаш да ѝ се предаде на оваа напаѓачка сила, и мислам дека кога ги видов како возвраќаат, со таква храброст, тоа беше величествено за гледање. Глумецот бил изненаден што претседателот Зеленски бил доволно учтив да размени и по некој збор за „Војна на ѕвездите“ каде што Хамил глуми. - Помислив „Боже мој, ова е човек кој има толку многу работи на неговата агенда... Но, одвои време. А, којзнае!? Можеби е само обожавател на „Војна на ѕвездите“, раскажува Хамил.  си/сд/

Остани поврзан