• недела, 22 декември 2024

Маркос: Почнаа заеднички поморски и водушни патроли на армиите на Филипини и САД

Маркос: Почнаа заеднички поморски и водушни патроли на армиите на Филипини и САД

Манила, 21 ноември 2023 (МИА) - Заеднички поморски и воздушни патроли на американската и филипинската војска почнаа денеска во водите на Јужно Кинеско Море, изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, оценувајќи дека станува збор за „значајна иницијатива“. 

Во текот на оваа година САД и Филипини ги зајакнаа врските, пред се, со потпишувањето два одбранбени договора, вклучувајќи ја и одлуката за речиси двојно зголемување на бројот на филипинските бази достапни за американската војска. 

Претседателот Маркос на форум на Хаваи вчера кажа дека ситуацијата во Јужно Кинеско Море стана уште позаострена и дека кинеската војска уште повеќе се приближи до филипинскиот брег. 

Кина претендира на поголемиот дел од Јужно Кинеско Море, што се протега на 1.500 километри јужно од кинеското копно, пресекувајќи ги исклучителните економски зони на Брунеи, Индонезија, Малезија, Филипини и Виетнам. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан