Куршумлијска Бања, 2.јули 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Обрад Марковски претрпе пораз во мечот од првото коло на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија откако претходните три дена оствари три победи во квалификациите. Подобар од него беше Георги Георгиев од Бугарија кој со 2:1 во сетови (6:3, 3:6, 6:3) го совлада Марковски.
Во првите два сета секој од тенисерите освои по еден сет, со брејк повеќе. Во првиот сет Георгиев имаше имаше еден брејк, а во вториот сет Марковски имаше два брејка. Решавачкиот сет почна со два брејка по еден за секој тенисер, а клучниот брејк за освојување на сетот го направи Георгиев во осмиот гем за водство од 5:3 во гемови. Мечот траеше три часа и три минути.
Марковски денеска го очекува уште еден меч на турнирот во конкуренција на двојки заедно со Никола Јовиќ од Србија ќе играат против четвртите носители Алехандро Банкалари и Николас Виљалон Валдес од Чиле. мн/
Фото: МТФ