• петок, 22 ноември 2024

Маркл: Арчи нема да ја добие скапата „играчка“ што ја сака

Маркл: Арчи нема да ја добие скапата „играчка“ што ја сака

Лос Анџелес, 19 декември 2023 (МИА) - Меган Маркл минатиот месец беше домаќинка на претставувањето на филмот „Потоа“ (The After) на Нетфликс, со Дејвид Ојелово, режиран од Мисан Хариман. Разговорот се одржа во Монтесито, Калифорнија, САД, во домот што Меган го дели со принцот Хари и нивните две деца, Арчи и Лилибет.

Во разговорот Меган откри дека нејзиниот син (4) има ново хоби. Станува збор за фотосесија што го воодушевила откако го запознал познатиот фотограф Хариман, кој стои зад некои од портретите на војводата и војвотката од Сасекс, пишува „Пипл“ (People).

- Инспирацијата му е длабока, откако минатиот пат Мисан му покажа на нашиот 4 - 4,5 годишен син како да фотографира. На Арчи му купив фотоапарат, но тој вели дека не е тој. Сакал „Леика“, каква што има Мисан, раскажа Маркл.

Му рекла „Не добиваш 'Леика'! Ниту за Божиќ“.

- Но, ти благодарам што го инспирираш!, нагласи Меган обраќајќи му се на Хариман.

Се чини, хобито на Арчи не е изненадување. Имено, бабата на принцот Хари - кралицата Елизабета често знаеше да го има апаратот в рака - токму нејзината „Леика“ фотографирајќи го на пример својот сопруг додека се натпреварува со кочии. И Меган (42) и Хари (39) исто така сакаат да фотографираат.  си/паг/

Фото: Леика

Остани поврзан