• вторник, 14 мај 2024

Марканен играч со најголем напредок сезонава во НБА

Марканен играч со најголем напредок сезонава во НБА

 

Њујорк, 25 април 2023 (МИА) – Финскиот кошаркар Лаури Марканен е избран за играч кој најмногу напредуваше во текот на оваа сезона во НБА лигата.

Марканен, кој сезонава го доби и својот прв Ол стар повик, го зголеми личниот просек за речиси 11 поени по натпревар и имаше ефект од 25.6 кошеви, 8.6 скокови и 1.9 асистенции.

Финецот е седми интернационалец кој ја освоил оваа награда, приклучувајќи им се на Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Горан Драгиќ, Борис Диав, Хеди Туркоглу и Георге Мурешан. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан