• понеделник, 23 декември 2024

Маричиќ - Холтхоф-Фертнер: Време е за лидерски исчекор, Северна Македонија одамна заслужи да ги започне преговорите со ЕУ

Маричиќ - Холтхоф-Фертнер: Време е за лидерски исчекор, Северна Македонија одамна заслужи да ги започне преговорите со ЕУ
Скопје, 28 март 2022 (МИА) - Позитивните сигнали од ЕУ за земјава се добредојдени, но неопходни се конкретни чекори од страна на Унијата, особено имајќи ја предвид нестабилноста која ја предизвикува воената состојба во Украина, која всушност е војна и против слободна Европа, оценија на денешната средбаво Скопје, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер. Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Маричиќ на средбата со министерот Холтхоф-Фертнер изрази благодарност за посветеноста на германската Влада на европската перспектива на Северна Македонија, особено во време на геополитичките предизвици со кои се соочува континентот. - За нас е многу важна оваа посета, бидејќи сметам дека е сигнал за посветеноста на Сојузна Република Германија на проширувањето на Унијата со земјите од регионот. Сега е време за лидерски чекор и очекуваме силна поддршка за земјите од Западен Балкан, затоа што иднината на регионот е во Европската Унија и тоа мора да биде потврдено што е можно поскоро, рече вицепремиерот Маричиќ на состанокот. Министерот Холтхоф-Фертнер, од своја страна, се додава, го потврди напредокот на земјата во реформите и дека одамна Северна Македонија заслужи да ги започне преговорите со Унијата. Тој изрази и надеж дека преговорите со Бугарија ќе бидат успешни, исто како и со Грција, и во ова време на глобални предизвици, сите заеднички ќе докажат дека Европската Унија е единствената опција за земјите од регионот.
Во разговорите вицепремиерот Маричиќ се осврна и на соработката што ја имаме со Сојузна Република Германија која првенствено се рефлектира во постојаната помош за нашата земја да ги достигне европските стандарди во областите опфатени со преговарачките поглавја, особено оние кои се однесуваат на владеењето на правото, но и за отворање на нови можности за соработка со Сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, стои во соопштението. вг/сп/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан