• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ по повод Светскиот ден на јавните службеници: Сечиј придонес кон реформите е важен

Маричиќ по повод Светскиот ден на јавните службеници: Сечиј придонес кон реформите е важен

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Светскиот ден на јавните службеници порача дека сечиј придонес кон реформите е важен, но дека улогата на јавните службеници, во држави како нашата кои се во интензивни реформи, е особено значајна и за почит.

-Овој ден е посветен на работата во јавната служба, вработените во јавните институции и сите кои имаат придонес во јавниот сектор. Јавните службеници имаат важна улога во нашите општества и помагаат нашата средина да се развива и расте. Затоа, денес го одбележуваме овој ден и ја поддржуваме работата на илјадници службеници кои секојдневно несебично го вложуваат својот труд во јавната служба, стои во објавата на фејсбук-профилот на Маричиќ.

Секоја година, почнувајќи од 2002 година кога е воведен на иницијатива на Обединетите Нации, се одбележува 23 јуни како Светски ден на јавните службеници, со цел прославување на придонесот на работниците од јавните установи и признание на нивната работа. дма/бак/

 

Фото:ФБ Бојан Маричиќ

Остани поврзан