• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска

Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево демантираше дека на пратеничката Дафина Стојаноска и испратил вербална или гестикулативна порака на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

- Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации, напиша Маричиќ на „Фејсбук“.

Достојноста на македонскиот Парламент, како што стои во статусот на „Фејсбук“ е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор. бак/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан