• среда, 27 ноември 2024

Маричиќ - Вархеји: Времето до Самитот на ЕУ да се искористи за решение меѓу Скопје и Софија

Маричиќ - Вархеји: Времето до Самитот на ЕУ да се искористи за решение меѓу Скопје и Софија
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска одржа тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа. -Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, соопшти Секретаријатот за европски прашања. Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот Маричиќ. Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, Маричиќ порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од СЕП. вг/са/

Остани поврзан