• четврток, 19 декември 2024

Маричиќ-Ли: До ЕУ само со реформи, дијалог и регионална соработка, да се искористи моментумот

Маричиќ-Ли: До ЕУ само со реформи, дијалог и регионална соработка, да се искористи моментумот

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска во Вашингтон имаше средба со со директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли, на која се разговараше за евроинтеграциски пат на Северна Македонија, за регионалната соработка и економското поврзување на регионот, соопшти СЕП.

На средбата стана збор за повеќе важни политички домашни теми, но и за случувањата во регионот, со акцент на регионалната соработка како предуслов за интеграција во ЕУ.

Во разговорот на Маричиќ со Ли е потенцирано дека европската идеја за обединување е активна, а за европска визија и планот на македонската Влада до 2030 Северна Македонија да стане членка на ЕУ, брзите реформи се клучни, со укажување дека сега е можност да се обезбеди целосен просперитет на македонското општество, што е во интерес на сите.

Директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли на состанокот ја потврдил позицијата на САД дека нивниот фокус останува задржувањето на безбедноста на Западен Балкан и нивната заложба сите држави од регионот да останат стабилни и на европскиот пат, на кој нема да изостане американската политичка и финансиска поддршка за тешките реформи во правосудството и борбата против корупцијата.

Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, а утре ќе учествува на тркалезна маса во организација на „Атлантскиот совет“ на која со американски експерти кои работат на Западен Балкан, ќе разговара за европскиот пат на Северна Македонија и како до поголеми резултати во исполнувањето на задачите и обврските кои ги имаме, кои ќе го забрзаат процесот на преговори со ЕУ.са/

Фото: СЕП

 

Остани поврзан