• понеделник, 15 јули 2024

Маричиќ: Независноста на судиите и обвинителите е заштитена, но тоа не значи дека тие се над законите 

Маричиќ: Независноста на судиите и обвинителите е заштитена, но тоа не значи дека тие се над законите 

Скопје, 9 март 2021 (МИА) - Владата и Собранието се задолжени да внимаваат на заштита на независноста на судството, но тоа не значи дека судиите и обвинителите се над законот, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција што се одржа во Влада, а на која беше презентиран усвоениот документ „Агенда Европа дома“. 

Одговарајќи на новинарско прашање Маричиќ истакна дека не мисли оти судиите и обвинителите се заштитени, особено ако се земе предвид дека во изминативе години биле разрешени 11 судии. 

- Ние по прв пат во последните четири години за разлика од претходно имаме судски постапки и обвинителски истраги што се однесувале и на Обвинители и судии, имаме и пресуди првостепени и за обвинител и за судија во последниве неколку години, така што мислам дека ако на тоа го дадеме и процесот на прочистување кој што е започнат, а и веќе имаме 11 разрешени судии, дел од нив кој што беа симбол на едно друго време мислам дека не можеме да зклучиме дека судиите и обвинителите се заштитени, изјави Министерот за правда. 

Додаде дека ваквиот принцип на прочистување ќе предизвика доверба кај јавноста.

-Принципот ќе успее само доколку го тераме на еден принципиелен начин врз основа на Уставот, законите и доколку бидат резултатите видливи за граѓаните јас мислам дека имаме со што да се пофалиме во овој дел, заклучи Маричиќ.свс/дма/

Остани поврзан