• сабота, 16 ноември 2024

Марио Драги на средба со Бајден во Вашингтон на 10 мај

Марио Драги на средба со Бајден во Вашингтон на 10 мај
Рим, 27 април 2022 (МИА) - Италијанскиот премиер Марио Драги на 10 мај ќе отпатува за Вашингтон на средба со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти прес-службата на италијанскиот премиер. „Разговорите ќе се фокусираат на координирање на поддршката на сојузниците за Украина и спротивставување на неоправданата руска агресија“, се вели во соопштението. Двајцата лиери ќе разговараат и за билатералната соработка, глобалните прашања како што се климатските промени, гарантирањето на трансатлантската безбедност и соработката во подготовките за состаноците на Г-7 и НАТО. Тестот на Драги за коронавирус, со кој се зарази пред повеќе од 10 дена, беше негативен и тој денеска излезе од изолација. ссм/

Остани поврзан