• сабота, 15 февруари 2025

Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време

Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време

Доха, 15 февруари 2025 (МИА) - Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека е задоволен од соработката со Британецот Енди Мареј и дека ќе остане негов тренер на неодредено време.

Седмопласираниот тенисер на АТП листата се опорави од повредата на ногата поради која се повлече од полуфиналниот меч на Австралија опен и моментално се наоѓа во Доха, каде што се очекува да настапи на АТП турнирот кој започнува во понеделник.

-Енди Мареј останува мој тренер. Имаме договор да работиме на неодреден период, тој ќе биде во САД, а потоа веројатно на неколку турнири на земја, па ќе видиме како ќе оди. Договорот се уште постои, изјави Ѓоковиќ за новинарите во Доха.

Српскиот тенисер додаде дека годинава ќе учествува на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, кои ќе се играат во март и претставуваат увертира на Ролан Гарос. дс

Фото: Архива

Остани поврзан