• четврток, 09 мај 2024

Мареј го пропушти погребот на својата баба поради настапот во Дејвис купот

Мареј го пропушти погребот на својата баба поради настапот во Дејвис купот

Манчестер, 16 септември 2023 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј победата над Швајцарецот Леандро Риди (6:7, 6:4, 6:4) во мечот од групната фаза во Дејвис купот и ја посвети на својата баба.

 

- Жал ми е што не можам да бидам со моето семејство денес. Бабо, ова е за тебе. Разговарав со татко ми за тоа и тој рече: „Таа би сакала да играш, само погрижи се да победиш, па јас го направив тоа, изјави Мареј за „Би-би-си“.

 

Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе секој со секого.

Двете најдобри селекции ќе се пласираат на „Фајнл 8“, кој ќе се одржи во ноември во Малага, Шпанија. зс/

 

Фото: 

Остани поврзан