• недела, 22 декември 2024

Манчини го напушти селекторското место во Саудиска Арабија

Манчини го напушти селекторското место во Саудиска Арабија

Ријад, 24 октомври 2024 (МИА) - Роберто Манчини ја напушти функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, соопшти локалната федерација. Италијанецот, кој со својата земја стана европски шампион во 2021 година, го раскина договорот по заедничка согласност.

Поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити не успеа да ја одведе Саудиска Арабија до трофејот во Купот на Азија, откако беше елиминиран во осминафиналето. Неговите постапки за време на натпреварот во Катар предизвикаа скандал откако тој го напушти теренот пред последниот пенал на неговиот тим против Република Кореја.

Манчини беше назначен на оваа функција во август 2023 година, откако се откажа од италијанската репрезентација неколку недели порано.

Како тренер на Интер, Манчини има три шампионски титули на Италија. Тој, исто така, ја освои титулата во Англија со Манчестер Сити во 2013 година, откако Серхио Агуеро постигна гол за паметење во последните секунди од последниот натпревар од сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан