• недела, 28 април 2024

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои Лигата на шампионите

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои Лигата на шампионите

Манчестер, 20 април 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан