• петок, 05 декември 2025

Манчестер Јунајтед се ослободува од девет свои играчи, преговорите за еден се во тек

Манчестер Јунајтед се ослободува од девет свои играчи, преговорите за еден се во тек

Манчестер, 9 јуни 2025 (МИА) - Манчестер Јунајтед имаше мизерна сезона зад себе, во Премиер лигата и другите домашни натпреварувања, и поради таа причина, а исто така и од финансиски причини, одлучи сериозно да го промени тимот за следниот натпреварувачки циклус.

Официјален список испратен до надлежната ПРЛ служба е објавен во јавноста, на кој се наведени сите имиња на повеќе или помалку искусни, односно млади и (не) важни играчи на кои повеќе не се смета на „Олд Трафорд“.

Кристијан Ериксен, Џони Еванс, Хуберт Грачик, Џек Кингдон, Виктор Линделоф, Сем Мареј, Том Мајлс, Џејмс Нолан и Том Востер веќе заминаа, додека преговорите сè уште се во тек со голманот Том Хитон.

Рашфорд, Санчо, Ентони, Гарначо и Каземиро исто така би можеле да се упатат кон излезната врата, а ако сите овие идеи навистина се спроведат, тоа ќе значи само едно - дека тимот ја изгубил довербата на своите работодавци.

Финалистите од Лигата на Европа го завршија првенството на разочарувачкото 15-то место, со 18 порази во 38 кола. дс

Фото: Архива

Остани поврзан