• среда, 17 јули 2024

Манчестер Јунајтед одбива да плати 80 милиони евра за Фернандеш

Манчестер Јунајтед одбива да плати 80 милиони евра за Фернандеш
Лисабон, 18 јануари 2020 (МИА) - Обидите на Манчестер Јунајтед да го земе играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, може да пропаднат, откако двата клуба не можат да се договорат за износот на трансферот. Португалскиот клуб бара 80 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, но од „Олд Трафорд“ одбиваат да ја платат сумата. Преговорите за играчот се уште се во тек, но веројатноста да не се стигне до трансфер се зголемува. Самиот Фернандеш веќе преговарал за личните услови со „црвените ѓаволи“, очекувајќи тој да биде на „Енфилд“ за утрешниот судир меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Јунајтед не ја исклучи можноста за алтернатива на Фернандеѓ, но засега тој е нивна примарна трансфер цел. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат средниот ред во зимскиот преоден рок, бидејќи ова е областа каде што тимот ги доживува најсериозните проблеми досега оваа сезона. Фернандеш (25) бил во фокусот на Оле Гунар Солскјер и неговиот помошник Мајк Фелон за време на натпреварот помеѓу Спортинг и Порто на 5 јануари. Во текот на летото, играчот беше посакуван и од Тотенхем, но Спортинг одби понуда во вредност од 45 милиони евра за него.

Остани поврзан