• среда, 15 мај 2024

Манчестер јунајтед му понуди 40 милиони евра на Ајакс за Лисандро

Манчестер јунајтед му понуди 40 милиони евра на Ајакс за Лисандро
Манчестер, 29 јуни 2022 (МИА) - Манчестер јунајтед работи на трансфер за дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез. Некои медиуми на Островот веќе шпекулираат со сума од 40 милиони евра која англискиот клуб ја понудил за аргентинскиот репрезентативец. Слична сума за фудбалерот понуди и Арсенал. Лисандро беше пријавен дека е проценет на 45-50 милиони фунти (52-57 милиони евра) од Ајакс. Дваесет и четиригодишниот Мартинез е сестран фудбалер. Може да игра во средниот ред, во дефанзива, како и на страничната лева позиција. Лисандро минатата сезона одигра 36 настапи за Ајакс во сите натпреварувања и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан