• вторник, 14 мај 2024

Манчестер јунајтед може да го раскине договорот со Санчо доколку не успее да го продаде

Манчестер јунајтед може да го раскине договорот со Санчо доколку не успее да го продаде

Лондон, 20 декември 2023 (МИА) - Манчестер јунајтед може да го раскине договорот со Џејдон Санчо, објави „Sky Sports“.

Клубот од „Олд Трафорд“ планира да ја промени својата политика во однос на играчите на кои не смета. Сега Манчестер јунајтед ќе биде поподготвен да ги раскине договорите доколку таквата одлука му користи на клубот.

Во врска со ситуацијата околу Џејдон Санчо, кој е суспендиран од Манчестер јунајтед од август поради конфликт со тренерот Ерик тен Хаг, во клубот се разговараше. Доколку не се успеаа крилниот напаѓач да биде продаден, Јунајтед ќе размисли за прекин на соработката наместо да се обиде да врати некоја од 73 милиони фунти потрошени за трансферот.

Претходно беше објавено дека интерес за Санчо покажуваат Лајпциг, Борусија Дортмунд, Јувентус и други европски клубови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан