• среда, 11 септември 2024

Манчестер Јунајтед заинтересиран за дефанзивец на Севиља

Манчестер Јунајтед заинтересиран за дефанзивец на Севиља

Манчестер, 11 септември 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Севиља, Хуанлу Санчез би можел да ја продолжи кариерата во Англија, пишуваат шпанските медиуми.

Манчестер Јунајтед наводно е заинтересиран за 21-годишниот Шпанец. Фудбалерот заедно со шпанскиот тим стана олимписки шампион на Игрите во Париз во 2024 година.

Минатата сезона Санчез одигра 37 натпревари на кои постигна гол и 3 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра. дс

Фото: Севиља

Остани поврзан