• недела, 22 декември 2024

Манчестер сити ќе му понуди нов договор на Бернардо Силва со двојно повисока плата

Манчестер сити ќе му понуди нов договор на Бернардо Силва со двојно повисока плата
Лондон, 21 август 2022 (МИА) - Манчестер сити се подготвува да понуди нов договор со двојно поголема плата на играчот од средниот ред Бернард Силва, пишува „Дејли Стар“. Дваесет и осумгодишниот Силва сега има уште три години од договорот од 150.000 фунти неделно. Новиот договор ќе му овозможи на Силва да ја зголеми својата плата и да стане третиот најплатен играч во тимот зад Кевин Де Брујн и Ерлин Холанд, кои се платени по 400 и 350 фунти неделно. Манчестер сити ја одби понудата на Пари Сен-Жермен за ангажирање на Силва. Парискиот клуб понуди 80 милиони евра, но Британците одбија. Бернардо Силва е во Сити од јули 2017 година. Сезонава учествуваше на четири натпревари и постигна еден гол, третиот за „граѓаните“ на денешниот натпревар со Њукасл (3:3). зс/

Остани поврзан