• недела, 22 декември 2024

Манчестер сити ќе му понуди на Стерлинг нов долгорочен договор

Манчестер сити ќе му понуди на Стерлинг нов долгорочен договор
Манчестер, 21 мај 2021 (МИА) - Манчестер сити планира да го продолжи договорот со напаѓачот Рахим Стерлинг, пишува „Дејли мејл“. Граѓаните имаат намера да му понудат на 26-годишниот Англичанец нов долгорочен договор, и покрај фактот дека фудбалерот престана редовно да игра за тимот во Лигата на шампионите и не е толку ефикасен како во претходните сезони. Клубот сака да го задржи играчот, бидејќи високо го цени неговиот придонес во шампионатот на тимот оваа сезона. Во сезоната 2020/21, Стерлинг забележа 47 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции. Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан