Манчестер сити ја објави сумата за откуп на Стерлинг
- Манчестер сити се одлучи за сумата за која е подготвен да го ослободи играчот од средниот ред Рахим Стерлинг. Фудбалерот може да ја продолжи кариерата во Челзи.

Манчестер, 26 јуни 2022 (МИА) - Манчестер сити се одлучи за сумата за која е подготвен да го ослободи играчот од средниот ред Рахим Стерлинг. Фудбалерот може да ја продолжи кариерата во Челзи.
Според новинарот Мајк Киган, „граѓаните“ бараат 64 милиони евра за 27-годишниот Англичанец.
За фудбалерот е заинтересиран лично тренерот на Челзи, Томас Тухел.
Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигна 17 гола и пет асистенции.
Договорот на 27-годишниот напаѓач со клубот од Манчестер е до 30 јуни 2023 година. зс/