Манчестер сити ја зголеми понудата за Рејндерс на 65 милиони евра
- Фудбалерот на Милан, Тијани Рејндерс може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објавија британските медиуми.
Лондон, 27 мај 2025 (МИА) - Фудбалерот на Милан, Тијани Рејндерс може да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објавија британските медиуми.
Премиерлигашот ја зголемил понудата за 26-годишниот Холанѓанец од 60 на 65,5 милиони евра.
Милан ја одби претходната понуда за еден од најдобрите играчи во 2024/25.
Рејндерс оваа сезона одигра 54 натпревари, постигна 15 голови и пет асистенции.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 50 милиони евра. зс/
Фото. ЕПА