Манчестер Сити потроши 212 милиони евра, но нема да може да ги искористи сите нови засилувања во Лигата на шампионите
- По разочарувачката прва полусезона, Манчестер Сити вложи многу во засилувања на својот тим, но ќе мора да се справи со ограничувањата во Лигата на шампионите.
![Манчестер Сити потроши 212 милиони евра, но нема да може да ги искористи сите нови засилувања во Лигата на шампионите](https://mia.mk/images/20250204180423_big_730x400_44.webp )
Манчестер, 4 февруари 2025 (МИА) - По разочарувачката прва полусезона, Манчестер Сити вложи многу во засилувања на својот тим, но ќе мора да се справи со ограничувањата во Лигата на шампионите.
Во зимскиот преоден рок „граѓаните“ потрошија 212 милиони евра на четири нови засилувања – Витор Реис, Омар Мармуш, Нико Гонзалес и Абдукодир Хусанов. Сепак, еден од нив нема да може да биде пријавен за елиминациската фаза на најпрестижниот европски клупски турнир.
Причината е правилото на УЕФА кое им дозволува на тимовите да регистрираат најмногу тројца нови играчи помеѓу групната фаза и нокаут фазата - дури и ако продале играчи во истиот период. Тоа значи дека едно од новите засилувања на Пеп Гвардиола ќе остане надвор од списокот.
Актуелните европски шампиони се мачат оваа сезона - не само во Лигата на шампионите, туку и во Премиер лигата, каде што се уште не им се загарантирани квалификациите за турнирот следната сезона.
Ова ги прави натпреварите против Реал Мадрид во осминафиналето уште поважни за Сити, а отсуството на едно од новите засилувања може да се покаже како дополнителен предизвик. дс
Фото: Архива