• вторник, 14 мај 2024

Манчестер сити постави рекорд во Премиер лигата

Манчестер сити постави рекорд во Премиер лигата

Манчестер, 21 октомври 2023 (МИА) – Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити победи на секој домашен натпревар во 2023 година.

Избраниците на Пеп Гвардиола денеска го совладаа Брајтон (2:1) во 9. коло од Премиер лигата.

Последен пат Сити не победи на домашен терен на 31 декември 2022 година. Оттогаш победија на 21 натпревар одиграни на стадионот „Етихад“. Ова е рекордна серија за англиските тимови.

„Граѓаните“ следниот натпревар на домашен терен ќе го играат на 4 ноември – против Борнмаут. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан