• вторник, 23 јули 2024

Манчестер сити освои повеќе бодови од кој било друг клуб на „Олд Трафорд“

Манчестер сити освои повеќе бодови од кој било друг клуб на „Олд Трафорд“
Манчестер, 6 ноември 2021 (МИА) - Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед во  денешното дерби на 11. коло од шампионатот на Англија. Средбата на теренот Манчестер Јунајтед заврши со резултат 2:0 во корист на гостите. „Граѓаните“ победија по осми пат на „Олд Трафорд“ во историјата на Премиер лигата. Ова е рекорд во лигата. Ниту една друга екипа нема толку успех на теренот на „црвените ѓаволи“. Манчестер сити освои 23 бода за во моментов второ место на табелата, Јунајтед со 17 е петти и полека го губи чекорот со најдобрите. зс/

Остани поврзан