• среда, 17 јули 2024

Манчестер сити одби да го продаде Стерлинг на Челзи за 25 милиони евра

Манчестер сити одби да го продаде Стерлинг на Челзи за 25 милиони евра
Манчестер, 20 јуни 2022 (МИА) – Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи. Според новинарот Фабрицио Романо, Сити не е задоволен од сумата понудена за 27-годишниот Англичанец. Лондонскиот клуб понудил 25 милиони евра, додека Манчестер сити сака да добие 55-60 милиони евра за играчот. Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра. зс/

Остани поврзан