• четврток, 02 мај 2024

Манчестер сити најде замена за Де Брујне во Њукасл

Манчестер сити најде замена за Де Брујне во Њукасл

Манчестер, 15 април 2024 (МИА) - Раководството на Манчестер сити се одлучи за можна замена за играчот од средниот ред на клубот Кевин Де Брујне, пренесува „Fichajes“.

Сити планираат да го ангажираат играчот за врска на Њукасл, Бруно Гимареш ова лето. Проценетиот трансфер би можел да биде вреден 100 милиони фунти. 

За 26-годишниот Бразилец е заинтересиран и Пари Сен-Жермен.

Претходно беше објавено дека клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за купување на Де Брујне.

Гимараеш игра за Њукасл од јануари 2022 година. Вкупно за тимот одигра 101 натпревар, постигна 14 гола и исто толку асистенции. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2027/28. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан