• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер сити го продолжи договорот со Кансело до 2027 година

Манчестер сити го продолжи договорот со Кансело до 2027 година
Манчестер, 1 февруари 2022 (МИА) - Манчестер сити го продолжи договорот со дефанзивецот Жоао Кансело. Новиот договор на 27-годишниот Португалец со „граѓаните“ е пресметан до летото 2027 година. Кансело му се приклучи на Сити пред сезоната 2019/20 од Јувентус. Оваа сезона тој одигра 22 настапи во Премиер лигата за клубот, постигнувајќи еден гол и пет асистенции. Освен за Сити и за Јувентус, Кансело има играно и за Бенфика, Валенсија и Интер. зс/

Остани поврзан