• петок, 22 ноември 2024

Манолева: Трибини на СДСМ за јакнење на свеста во борбата за подобро машко и женско здравје

Манолева: Трибини на СДСМ за јакнење на свеста во борбата за подобро машко и женско здравје

Скопје, 28 ноември 2023

СДСМ како општествено одговорна партија организира трибини за подигнување на свеста за машкото и женското здравје, информираноста за значењето од превенцијата и навремените прегледи како клучни алатки, но и презема мерки и политики за заштита на здравјето на граѓаните.

Во своето гостување на ТВ 24, заменик министерката за здравство и членка на Централниот одбор на СДСМ, Маја Манолева, рече дека на едукативните трибини акцентот е ставен на превенцијата, препознавање на симптомите на карцином и навремените прегледи.

-Во текот на овој месец организираме трибини ка кој присуствуваат и колегите уролози кои на граѓаните им алармираат кои се симптомите на карцином, кога и каде да се јават пациентите, како оди лекувањето и дијагностичката постапка, рече Манолева.

Зборувајќи за мерките  и политиките на Владата предводена од СДСМ во здравството Манолева стави акцент на повеќекратното покачување на платите на сите здравствени  работници , како и зголемениот број на специјалисти кои се упатени на обука.  

-Во времето откако оваа влада од СДСМ е на чело државата имавме многукратно зголемување на платите, двојно зголемени за специјалистите, зголемени се и на медицинските сестри, како и на сите здравствени работници. Од почеток на март има двапати зголемување на платите. На почеток на мај имаше зголемување и сега во септември  од 10 проценти. Оваа Влада направи многу во однос на покачувањето на плати, платен е трудот на специјализантите, кои добиваат надомест, се покачија платите на  дежурствата, многу лекари се упатени за специјализација. Од 2017 до сега 1.300 лекари се упатени на специјализација, за разлика од претходно, кога беа  упатени само 430 специјалисти, рече заменик министерката за здравство, Манолева во гостување на Телевизија 24.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан