• среда, 26 јуни 2024

Манолева на средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија

Манолева на средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

На средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор, кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство. цр/aa/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан