• сабота, 21 декември 2024

Манолева: За шест години 1.300 специјализации и 500 супспецијализации, претходно за 10 години само 700 специјализации

Манолева: За шест години 1.300 специјализации и 500 супспецијализации, претходно за 10 години само 700 специјализации

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Владата во изминатиот период многу вложуваше во здравствените работници и во тоа што значи вработување на здравствени работници, но истовремено и со упатување на здравствените работници на соодветна едукација, односно специјализација, порача денеска заменик министерката за здравство, Маја Манолева.

-За периодот од 2017 до 2023 година на специјализација вкупно се упатени 1.300 наши лекари, дополнително на тоа уште 500 на супспецијализација што е навистина бројка која што споредена од периодот од 10 години претходно од 2006 до 2016 година од само 700 специјализации за 10 години остава простор да видиме дека навистина се вложува во човечкиот потенцијал затоа што тоа е она што ни е потребно за да функционира здравствениот систем, рече Манолева во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова. 

Посочи дека веќе имаше една група на вработувања во Клиничката болница Штип. 

-Се надевам дека наскоро ќе ја добиеме и втората група на здравствени работници коишто се навистина потребни за процесот на давање на соодветни здравствени услуги во нашите јавни здравствени установи. Истото важи и за кочанската болница, рече Манолева.вј/та/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан