• четврток, 25 април 2024

Манасијевски и Исмаили ги презентираа своите платформи за дипломатските активности во Турција и во Мисијата при ЕУ

Манасијевски и Исмаили ги презентираа своите платформи за дипломатските активности во Турција и во Мисијата при ЕУ
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) – Новиот амбасадор на Република Северна Македонија во Република Турција, Јован Манасијевски и амбасадор шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Зулфи Исмаили, денска во Собранието пред Комисијата за надворешна политика ги претстваија платформите за својите дипломатски активности. Амбасадорот Манасијевски во своето излагање во контекст на односите со Турција истакна дека тие се традиционално пријателски, а таа покрај САД е единствената земја со која имаме склучено Договор за стратешко партнерство. Во дефинирањето на билатералните релации, според него, треба да се зема предвид и растечката економска и одбранбена моќ како и амбициите на официјална Анкара во 21 век да биде меѓу првите 10 држави во светот. -Турција има 253 дипломатско - конзуларни претставништва и по тој параметар се петта дипломатска мрежа во светот што јасно говори за остварливоста на амбициите на тој систем. Меѓутоа, треба и ние согласно на тоа да се однесуваме и да ги искористиме тие можности што ги дава нашето долгогодишно пријателство и стратегиското партнерство во функција на нашите државни интереси, рече Манасијевски. Осврнувајќи се на своите приоритети на делување тој меѓу останатите ги посочи напорите за одржување на постојан и одржлив раст на тровската размена. Лани трговската размена со Турција достигнала 776 милиони долари, проекциите за оваа се таа да изнесува околу 900 милиони долари, но потенцијалите се, вели, далеку повисоки, а пречка за нејзиниот подинамичен развој е анахрониот Договор за слободна трговија од 2000 година кој треба да се ревидира и надгради. -Тоа мораме да го направиме затоа што сите наши соседи - и Србија, и Албанија, Косово веќе имаат нови посовремени, полиберализаирани договори за слободна трговија и доколку ние ништо не преземе околу тоа, едноставно ќе заостануваме и потенцијалите за растот и соработка ќе одат во тие соседни држави, подвелеч Манасијевски. Амбасадорот Манасијевски, меѓу другото ја истакна и важноста на привлекување турски инвестиции во регионот кои бележат постојан раст, и особено во контекст на енергетската криза, можностите за користење на улогата на Туција која се повеќе станува клучен енергетски јазол, за снабдувањето на нашата држава со енергенси. Ќе се фокусира во своето делување и на потикнување на соработката во одбраната, образованието, здравството, на улогата на турската заедница во земјава, но и на нашата дијаспора во Туција која се процеснува дека брои меѓу 150 и 450 илјади лица, како мост на пријателствот. Во дебатата пратениците посочија на проблемот за порестриктивниот пристап на МВР во доделувањето дозвола за престој на турските студенти и за предизвикот со барањата на Анкара во однос на нивното справување со расчистување на неуспешниот државен удар од 2016 година. Новиот шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Зулфи Исмаили истакна дека со отпочнување на преговорите за членство земјата влезе во нова фаза од односите со ЕУ, објаснувачкиот скрининг е во тек, а наскоро во ноември треба да почне и билатералниот и целиот процес треба да заврши ова време следната година. Владата ја усвои новата ревидирана структура за преговори и се очекува во наредниот период местата да се пополнат со конкретни имиња, а тој како шеф на Мисијата во Брисел, екс официо ќе биде и член на државната делегација за преговори. -Мисијата во ЕУ добива уште поголема тежина како фокална точка на комуникација со сите институции на ЕУ но и како своевиден центар од каде се очекува да бидат комуницирани нљајголемиот дел од документите кои ќе бидат доставени до ЕУ. Се очекува во наредниот период мисијата соодветно да се доекипира и со претставници од девет другите министерства, рече амбасадорот Исмаили. Во процесот на преговори, рече, клучни приоритети на Мисијата ќе бидат успешно завршување на билатералниот скрининг и соодветно почитување на преговарачата рамка од сите страни, со тоа да не се дозволи билатерална интерпретација на нејзините одредби, навремено имплементирање на предвидените проекти од економскиот и инвестицискиот план ан ЕУ, но и идентификување на нови авении за соработка со ЕУ и институциите, сега веќе како земја - преговарач, како и вклучување на наши претствбници министри во министерските состаноците на ЕУ. Во конбтекст на соработката на парламентарно ниво, Исмаили нагласи дека треба да се искориусти позитивната наколнетост на ЕП кон проширувањето. На прашањето од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски во однос на тоа дали Берлинскиот процес и Отворен Балкан се во колизија или може да се одвиваат паралелно, амбасадорот Исмаили истакна дека е рано да се даде јасна прогноза, но дека е добро да му се даде шанса на Отворен Балкан, и да се видат резултатите, како на иницијатива која доѓа од регионот. вг/са/            

Остани поврзан