• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: ЈО со години молчи за тендер шемите на „Стентон градба“

Манасиевски: ЈО со години молчи за тендер шемите на „Стентон градба“

8 мај 2025 

Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДС работеа само за тендери. За овие вториве СДС се патрон.

Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба.

Во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото.

Мора да се нагласи дека и остатокот од 5 милиони евра, кои не се добиени директно од тендери, поголемиот дел се наплатени како подизведувачи на други фирми исто така на тендери.

Дали некои фирми се направени само за да фаќаат тендери, додека остатокот треба да се мачат и по пазарни услови да се борат за корка леб?

Како е можно Стентон Градба да нема никаква друга работа освен тендери, и тоа кога СДС беше на власт да биде во топ 10 тендераџии во државата?

Дали институциите не го сметаат за сомнително тоа што фирмата 4 години буквално живеела само од тендери? Фаќала работа далеку од нејзината база, а фирми кои се многу поблиску истата не ја добивале?

Дали и како Стентон Градба ги добивале тендерите? Дали игра клучна улога СДС, Заев и Филипче?

 

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан