• четврток, 26 март 2026

Манасиевски: Филипче да се огради од Андон Стојков

Манасиевски: Филипче да се огради од Андон Стојков

Скопје, 6 мај 2025 

Почитувани,

24 часа Венко Филипче и СДС молчат за нивниот пријател и функционер Андон Стојков, кој беше фатен со дрога.

Филипче и СДС молчат затоа што Андон Стојков е нивен близок пријател, а тоа се гледа од овие фотографии со Венко Филипче и Зоран Заев.

Овие фотографии не се ниту на поминување, ниту случајни.

Срамота е на кое дереџе се спушти СДС последните неколку години, да молчи и да се срами од наркодилери и криминалци.

Венко Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков, а доколку не го направи тоа, се поставува логичното прашање, дали можеби лично тој стои позади него?

Ако Венко Филипче не се огради, се поставува и прашањето, дали и тој можеби има профит од наркотрговијата на Андон Стојков.

СДС и Филипче да не молчат.

 

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан